Вчера се случи една од најстресните епизоди на регионалното шоу за избор на таленти, каде беа направени елиминациите на две од четири групи.
Во секоја група остануваат по шест учесници, а останатите со тешко срце беа испратени дома, со оглед на тоа што 90 проценти од нив личеа на вистински професионалци кои ги доживеаа своите 2 минути слава.
Дефинитивно најтешката одлука падна во рацете на Масимо Савиќ, член на жири комисијата, кој во неговата група (учесници над 27 години), се соочи со изградени вокали на кои што би можела да им позавиди пола естрада на Балканот.
За вас избравме 10 од најдобрите учесници во вчерашната епизода.
Кој е вашиот фаворит, до сега? Доколку го нема на листата допишете го во коментар.