Во Америка се одржани наградите во кои се наградувани најуспешните во светот на музиката.
На овогодинешните награди AMA (American Music Awards) признание добија оние кои во изминатата година најмногу работеле, а освен музиката забележани беа и нивните вечерни тоалети на црвениот тепих.
Лос Анџелес стана вистински моден центар и доека некои добивале комплименти и пофалби за совршената модна комбинација, некои со својата појава ги шокирале модните критичари.
Едно од најголемите модни пофалби ги доби Џенифер Лопез која во фустан со нежни тонови ги покажа цврстите стомачни мускули.
Иако е двојно помлада, со латино дивата не можела да се натпреварува Селена Гомез која се одлучила за долг затворен црн фустан, кој одлично одговарал на нејзината фигура.
Без забелешки поминала и манекенката Хајди Клум придржувајќи се до елегантна стандардна вечерна комбинација за црвениот тепих, додека Дијана Рос шокирала појавувајќи се во фустан со пердуви.
Модниот избор на младата дива Тејлор Свифт бил младешки зелен фустан кој идеално изгледал на неа, и во кој ја освоила и наградата Дик Кларк за извонредност.
На црвениот тепих се појавија и сестрите Кардашијан. Додека Ким Кардашијан се забавува во Дубаи, Клои Кардашијан, Кајли и Кендал Џенер биле едни од презентерите во шоуто, пишува Daily Mail.
Ова се овогодишните победници:
Уметник на годината: One Direction
Наградата Дик Кларк за извонредност: Тејлор Свифт
Нов изведувач на годината од KOHL’S: 5 Seconds of Summer
Песна на годината: Кејти Пери feat Џуси Џеј- Dark Horse
Најдобар машки поп/рок изведувач: Сем Смит
Најдобра женска поп/рок пејачка: Кејти Пери
Најдобра поп/рок група: One Direction
Најдобар поп/рок албум: One Direction – Midnight Memories
Најдобар машки кантри изведувач: Лук Брајан
Најдобра женска кантри пејачка: Кери Андервуд
Најдобра кантри група: Florida Georgia Line
Најдобар кантри албум: Бретли Гилберт- Just As I Am
Најдобра рап/хип-хоп пејачка: Иги Азалеа
Soul/R&B пејачка: Бијонсе
Soul/R&B албум: Бијонсе- Бијонсе
Алтернативен рок изведувач: Imagine Dragons
Латино изведувач: Енрике Инглесијас
Најдобар изведувач за зрелата публика: Кејти Пери
Електронски денс изведувач: Келвин Харис
Најдобар саундтрак: Frozen.
Погледнете ги во галеријата останатите тоалети кои се издвоија на црвениот тепих: