Погледнете ги фасцинантните фотографии од нашата планета направени од „Артемис 2“

Четирите астронаути на мисијата „Артемис 2“ на Месечината ги испратија првите фотографии од Земјата. Астронаутот на НАСА, Виктор Гловер, од капсулата Орион забележа: „Изгледа неверојатно. Изгледа прекрасно“.

Гловер, заедно со неговите американски колеги Кристина Кох и Рид Вајзман, како и канадскиот астронаут Џереми Хансен, се првите луѓе кои патуваат на Месечината по повеќе од 50 години.

Тие летаа со капсулата Орион, користејќи ја ракетата „Space Launch System“, стартувајќи од космодромот Кејп Канаверал во Флорида.

Откако поминаа околу 24 часа, ја напуштаат Земјината орбита со специјален маневар и по уште 24 часа, веќе завршија половина од патувањето кон Месечината. За време на оваа фаза, астронаутите извршија низа научни тестови и обуки.

Прочитајте и:  Уапсени работници на НИС за кражба на гориво од цистерна

Мисијата „Артемис 2“ е темелена на искуствата стекнати од предходната „Артемис 1“ мисија, која беше без екипаж и се одржа во 2022 година. Се очекува екипажот да помине околу 10 дена во вселената во капсулата „Орион“ и да лета околу Месечината, пред да се спушти во морето при враќањето на Земјата.

За Гловер, Кох и Вајзман, ова е веќе втор лет во вселената, додека за Хансен ова е неговото прво искуство во вселената.