Полицијата во Њујорк трага по возачот кој успеал да го обиколи Менхетен за рекордни 24 минути и 7 секунди, по што објавил снимка од „подвигот” на интернет. Корисникот, со прекар AfroDuckProductions поминал низ патеката со должина од 42 километри, со просечна брзина од 106 км / ч, при дозволени 70 км / ч. Претходниот „рекорд” за најбрза обиколка на Менхетен е поставен во 2010 година од страна на компанијата CBC – 26 минути и 3 секунди.
Новиот рекордер го подобрил постигнувањето, дури и со прекин на црвен семафор. Во интервју за автомобилскиот сајт Jalopnik возачот вели дека не верува дека ги изложил на ризик жителите на градот со искуството. Од своја страна полицискиот комесар на Њујорк, Реј Кели вели дека иако е импресиониран ќе ги преземе сите неопходни мерки за да спречи други обиди за оставање на слични рекорди.
http://youtu.be/v_4ghLXaEVM