„Погинувавме на улиците на полусветот“ – за една недела загинаа двајца пешаци.

Критикарката, позната под псевдонимот Ина Многуфина, остро реагираше на двете сериозни сообраќајни несреќи што се случија во Скопје. Според неа, казните кои се испраќаат преку системот „Сејф сити“ не можат да компенсираат, како што истакнува, „интелектуалниот дефицит зад воланот и последиците од недостигот на родителска грижа“.

„Казните од Сејф сити не можат да не заштитат од интелектуалниот дефицит зад воланот, како и од последиците од недостатокот на родителска грижа. Децата возат автомобили без возачка дозвола. Вчера, во Капиштец беше згазена жена, а во Визбегово еден пешак беше удрен. Министерството за внатрешни работи треба да се ангажира сериозно и да работи во соработка со Сејф сити. Новите мерки и закони ги почитуваат исклучиво оние со повисока свест, луѓе кои имаат желба за подобар живот и надеж за подобар систем. Остатокот е проблем на општеството и некој мора да се погрижи да ги тргне од улиците на време. Веќе изгинавме по улиците од полусвет“, напиша Ина Многуфина.