Погача со спанаќ и ајвар

Потребни состојки:

800–900 гр. брашно
30 гр. квасец
200 мл јогурт
200 мл млеко
1 лажица шеќер
малку сол
50 мл масло
150 гр. фета сирење
1-2 лажици ајвар
варен и сечкан спанаќ
2 јајца
1 жолчка
сусам

Начин на подготовка:

Квасецот истопете го во малку млако млеко, додајте шеќер и останатото млеко, јогуртот, два јајца и изматете со маталка. Потоа додајте брашно и сол и замесете средно тврдо тесто. Оставете да да стаса. Тестото поделете го на четири еднакви делови, а од секој дел направете топче. Првото топче расукајте го на хартија за печење и намачкајте го со сирењето. Втората кора расукајте ја, па ставете ја над кората со сирење и врз неа ставете го спанаќот. Третата кора ставете ја над кората со спанаќ, па намачкајте ја со ајвар. Четвртата кора расукајте ја и ставете ја преку таа со ајвар. Над погачата ставете тркалезна тава или тенџере и притиснете да се одбележи круг па вишокот исечете го. Тоа тесто сочувајте го за средината на кругот. На средина ставете чаша и обележете круг.

Со нож за пица исечете ја погачата од рабовите на бележаниот круг надолу, направете 4 четвртини. Секоја четвртина поделете ја на три дела. Сечете до линијата од чашата.

Со раце земете два соседни триаголници па три пати превртете ги и ивиците и притиснете ги на хартија. Така по ред, во круг. На средина на погачата ставете едно топче од тестото кое ви останало од исеченото тесто.

Погачата префрлете ја во поголем плех, намачкајте со жолчка и наросете со сусам. Оставете малку да нарасне. Рерната загрејте ја на 200 степени. Печете 35 до 40 минути.

- Реклама -