Тестенини, шеќер, масло за готвење, кафе, сокови и уште околу 5.000 други прехранбени продукти од денеска ќе се продаваат по пониски цени во грчките супермаркети. Значителното поевтинување доаѓа како резултат на стапувањето во сила на новиот Закон за намалување на ДДВ-то, со кој ДДВ наместо досегашните 24% е намален на 13%.
Оттаму, поевтинување се очекува и во угостителските услуги, цените во рестораните, таверните и пицериите. На пример, сметката од околу 50 евра сега би чинела неколку евра помалку, околу 46.5 евра.
Поевтинуваат и природниот гас и струјата, за кои наместо досегашните 13%, ДДВ-то ќе изнесува 6%.
ДДВ-то од 24% беше воведено во јули 2015-та, како дел од антикризните мерки.