Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 денари и ќе изнесува 48,00 ден/лит, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 50,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 30.03.2020 година и ќе се продава по цена од 45,00 ден/литар.