Тим Јанус подригнува најдолго (видео)

На Светското првенство во подригнување титулата светски првак ја освои 35-годишниот мајсторот за правење пици Тим Јанус, кој подригнувал 18,1 секунди, откако испил 7,5 литри диетална кока-кола и Mountain Dew.

Натпреварот се одржа во Њујорк, а сите учесници пиеле големи количества газирани пијалаци, со цел да ги покажат своите подригнувачки способности.

Јанус вели дека се обидувал да го сочува целиот воздух во својот стомак и потоа да го испушти надвор. Додава дека сите што сакаат да го сторат тоа, мора добро да се потрудат, а чувството е навистина преубаво.

Организаторите, пак, сакаат овој натпревар да ги сруши табуата за подригнувањето во јавност, затоа што тоа е всушност неопходна функција на секој човек.

{youtube}gU3jBonhsrQ{/youtube}

- Реклама -