Подољак: Тампон зоната во Украина што ја спомена Путин е јасен знак за ескалација на војната

Изјавената желба на реизбраниот руски претседател Владимир Путин да создаде тампон зона на украинска територија за да ја заштити Русија е јасен знак дека војната предводена од Москва ќе ескалира, изјави денеска советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак, цитиран од британските медиуми.

-Ова е… директно признание за натамошна ескалација на војната, рече Подољак.

Претходно денеска Кремљ, преку портпаролот Дмитриј Песков, објави дека создавањето на тампон зоната што ја спомена рускиот претседател има за цел да ги држи руските територии со населението и зградите во нив надвор од дофатот на украинското гранатирање.

Прочитајте и:  Туск: Војната во Украина влегува во одлучувачка фаза, заканата од глобален конфликт е сериозна и реална
- Реклама -