Подољак објави список со оружје кое ѝ треба на Украина: „Ќе бидам директен, ни треба тешко оружје за да ја завршиме војната“

Киев, 13 јуни 2022 (МИА) – Советникот на украинскиот претседател, Михајло Подољак, денеска објави список на оружје што, како што тврди, ѝ е потребно на Украина за да се стави крај на војната.

„Ќе бидам директен – ни треба тешко оружје за да ја завршиме војната: 1.000 хаубици од 155 милиметри, 300 повеќецевни фрлачи (MLRS), 500 тенкови, 2.000 оклопни возила и 1.000 беспилотни летала“, напиша Подољак на Твитер.

Тој најави дека в среда на 15 јуни во Брисел ќе се одржи состанок на Контакт групата на министри за одбрана и оти Украина „чека одлука“.

Прочитајте и:  НАТО и Киев закажаа состанок: Руското експериментално оружје нема да има ефект во конфликтот, ниту ќе ги одврати сојузниците од поддршката за Украина
- Реклама -