Четири трикови за подобар сексуален живот

Ако чувствувате дека страста во вашата врска полека се намалува, тогаш следете ги следниве неколку совети за повторно да се забавувате ин да уживате во сексот со партнерот.

Слушајте

Понекогаш најдобриот начин за да ја загреете атмосферата во спалната соба е да слушате. Слушањето практикувајте го паралелно со зборување, а тоа сигурно многу ќе ве возбуди, но и партнерот и ќе го зачини вашиот сексуален живот. Музиката е исто така добар избор, затоа направете компилација со вашите омилени еротски песни.

Читајте еротски романи

Читањето еротски книги е уште еден чекор со кој може да си ја зголемите сексуалната желба. Со нивна помош може и сексуално да се откриете и да ги отсликате своите фантазии.

Обичен бакнеж

Кога последен пат страстно сте го бакнале партнерот? Сетете се на бакнежите од почетокот на врската, кои траеја и траеја и траеја, додека вашите раце беа по неговите лице, врат, грб… Паровите често забораваат да се бакнуваат како тинејџери, откако ќе ја зацврстат врската. Ако и вие сте дел од нив, задолжително потсетете се на филмските бакнежи од почетокот и резултатите во кревет ќе бидат очигледни.

Место, локација, избор

По извесно време сексот меѓу партнерите често станува рутина. Иста поза, исто место, исто време. Тоа може да биде катастрофално за љубовниот однос. Обидете се малку да го зачините сексуалниот живот со промена на локацијата, која ќе доведе и до нови пози. На пример, ако наместо во спалната имате секс во кујната, тоа ќе значи дека нема да лежите, а промената сигурно добро ќе ви дојде.

- Реклама -