Подобар и од купечкиот: Супервкусен домашен Еурокрем

Ви го прикажуваме највкусниот домашен рецепт за Еурокрем. Израдувајте ги вашите деца и најдраги. Лесно се прави и е речиси ист како купечкиот. Пробајте го и пишете ни како ви се допаѓа.

Потребни состојки:

– 150 мл. вода
– 300 грама шеќер
– 2 кесички ванилин шеќер
– 200 грама путер
– 200 грама млеко во прав
– 100 грама чоколадо
– 100 грама бело чоколадо

Подготовка:

1. Во сад ставете ги водата, шеќерот и ванилиниот шеќер. Загреете се заедно додека шеќерот да се раствори.

2. Додадете го и белото чоколадо и мешајте додека не се стопи. Веднаш штом ќе зоврие тргнете ја смесата од оган и оставете да се излади.

3. Додадете го путерот и млекото во прав. Измешајте добро и поделете ја смесата на два дела.

4. Стопете го чоколадото на пареа и додадете го само во едниот дел, а вториот оставете го во бела боја.

5. Со помош на лажица наизменично префрлајте од двете смеси во стаклена тегла, или пак истовремено сипете ги двете, и на крајот поклопете и зацврстете. Оставете да се олади.

- Реклама -