Подмолни фактори што не тераат да се прејадуваме

Често се случува да продолжиме да јадеме дури и откако сме потполно сити, а иако дел од вината се должи на бавниот сигнал што стомакот го праќа до мозокот за да го извести дека е полн, улога играат и некои сосема неочекувани фактори што потсвесно прават да се заборавиме гнетејќи. Меѓу нив се и следниве:

1. ЖАНРОТ НА ФИЛМОТ ШТО ГО ГЛЕДАТЕ
Колку грицки ќе изедете додека гледате филм во кино или дома, зависи од тоа каков жанр на филм гледате. Истражувањата покажуваат дека шансите да претерате со пуканките се поголеми ако гледате некоја романтична комедија, акција или авантура, отколку кога гледате некоја драма. Тоа е затоа што сме склони да јадеме во ритам кој одговара на ритамот на филмот.

2. ЗДРАВИ ГРИЦКИ
Кога јадете умерено, здравите грицки не дебелеат. Но, токму поради епитетите „здрави“ и „диетални“, луѓето најчесто претеруваат со нив, бидејќи ги сметаат за побезбедна варијанта и не се претпазливи со истата мерка како кога јадат нешто за кое знаат дека дебелее.

3. ЛИЧНОСТА
Невротичните луѓе јадат повеќе бидејќи така полесно се сносат со негативните чувства и расположенија, заклучува едно шведско истражување. Екстровертните луѓе, пак, за разлика од интровертите, често јадат надвор т.е. во рестораните за брза храна, заради што и внесуваат повеќе маснотии, калории и шеќери.

4. МОБИЛЕН
Користењето на мобилниот во текот на јадењето не само што е непристојно, туку создава и послабо чувство на ситост. Едно британско истражување открива дека луѓето што сурфаат на интернет, играат или разговараат на мобилниот додека јадат, консумираат 69% повеќе грицки во текот на денот, од луѓето што го оставиле мобилниот настрана додека јаделе.

5. ХРАНА СО ОБЛИК НА ЖИВОТНИ ИЛИ ЧОВЕЧКИ ЛИЦА
Кога гледаме антропоморфизирана храна (на пример, кекси со облик на животни), нашата самоконтрола се намалува, а шансите дека ќе ја изедеме таа храна се зголемуваат. Додуша, сé уште не е јасно зошто толку не привлекува „живата“ храна.

- Реклама -