Современиот начин на живот – стресот, загадената животна средина, лошото и нередовно јадење, пушењето цигари и други негативни фактори се одразуваат лошо на нашата кожа.
Постојат начини кои можат да ни помогнат да ја вратиме свежината на лицето. Еден од нив ветува дека ќе не подмлади за неколку години. Рецептот е многу прифатлив и лесен за употреба. Еве што треба да направите.
Потребни се:
1 суп. л. мед (најдобро липа),
1 суп. л. рициново масло,
1 лажиче вазелин,
1-2 капки јод.
Во тегла најпрво ставете од јодот, а потоа додадете ги останатите состојки и промешајте добро.
Се нанесува на кожата на лицето и вратот и се остава да отстои 2 часа. Добро е маската да се употребува 2-3 пати неделно.
Очекуваниот ефект е: цврста, еластична кожа, исчезнување на дамките, мазнење на брчките.