Подигнете го нивото на вашето расположение

Доколку се чувствувате нерасположено или пак едноставно сакате малку да се освежите од секојдневието, време е да преземете активности за расположение. Досадата, малаксаноста, депресивноста и секојдневните грижи можат силно да му наштетат на вашето психичко здравје. Со овие неколку интересни совети, ќе можете да ги оставите овие чувства зад вас и повторно да гледате низ призмата на розовите очила.

1. Исфрлајте ја негативната енергија преку разговор со најдобриот пријател или пишувајќи во дневник, во кој ќе си ја олеснувате душата.

diary

2. Променете го неделното мени и почнете да консумирате храна која може да ви го зголеми расположението. Здравата и свежа храна секогаш треба да ви е приоритет.

3. Појдете во теретана. Подобрете си го метаболизмот преку добро и здраво потење, што ќе го постигнете со кардио или боди-билдинг тренинг.

4. Наспијте се убаво. Недостатокот на квалитетен сон, може да ве направи лесно избувливи и изморени во текот на целиот ден.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Couple Sleeping

5. Фокусирајте се на позитивното. Ова звучи како најголемо клише, но праксата покажува дека фокусирањето кон нештата кои ги сакате може да ве извади од темните мисли.

6. Излезете на сонце. Витаминот Д од сончевите зраци игра многу важна улога во регулирањето на вашето расположение.

7. Шетајте на свеж воздух. На мозокот му е потребно повеќе свеж кислород за да ги расчисти мислите, за да се фокусира и да се ослободи од стресот. Излезете на кратка прошетка и уживајте во неа.

walk-in-park

8. Внимавајте на оброците. Како надополнување на втората точка, важно е да внимавате да не прескокнувате оброци и да останувате гладни предолго.

9. Најдете нешто што ќе ви ја врати насмевката на лицето. Без разлика дали станува збор за разгледување стари слики и потсетување на убави спомени, каде што сте среќни и весели или пак гледање добра комедија.

- Реклама -