Подгответе го телото за пролет

Како што поминува зимата време е да ја спакуваме топлата и тешка облека, да ја заборавиме мрсната храна и да се „откачиме“ од вишокот килограми. За да се подготвите за пролетта и да го искористите тоа што природата ви го дава, потребно е да водите сметка за исхраната и кондицијата.

На секој организам му е потребно време да се прилагоди и навикне на пролетта, па затоа најважно е да се намали енергетскиот внес на храна.

Заборавете на слатките, а производите од пченично и пченкарно брашно, како што е тестото, тестенините…, потребно е да ги сведете на минимум. Млеко треба да се пие, но само тоа со 1,6 до 2,8 млечни мати. Исто така, масните сирења треба целосно да се исфрлат од исхраната и да се консумираат само оние што содржат од 10 до 15 отсто масти.

34210_shutterstock_102461543_iff

Нутриционистите објаснуваат дека пролетта е годишно време кога треба да се јаде само немасно месо и риба, која е најголем извор на јод и треба да ја имате на трпезата три пати неделно.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Мастите се здрави и задолжителни за сечиј организам, но најмногу до 10 грама во текот на денот. Покрај зејтинот потребна е и свинска маст, која, како што трвдат нутриционистите не дебелее, а најмногу им е потребна на младите организми.

Многу е важно во текот на пролетта да ја збогатиме исхраната со што повеќе свеж зеленчук. Најкорисни се зелката, кељот, карфиолот и брокулите. Но и намирниците од претходната сезона, одгледани на што поздрав начин и правилно чувани -цвекло, тиква, магдонос, морков, ротквица, праз,лук,кромид, блитква, спанаќ…

rby-33-ways-summer-woman-eating-lettuce-mdn

Со пролетта стигнуваат свежите овошје и зеленчук кои содржат разни витамини и минерали. Меѓутоа, покрај сезонското овошје и понатаму треба да јадете јаболки и портокали кои ги има во текот на целата година.

Покрај ова, излезете надвор, затоа што сонцето и прошетката, исто така, влијаат на расположението и на физичкото здравје. Што повеќе прошетка тоа помалку килограми.

- Реклама -