Македонската фудбалска репрезентација утре ќе игра против Казахстан во својот четврти квалификациски меч за Светското првенство 2026. „Црвено-жолтите“ во Астана ќе ги предводи Роберт Стојановски, бидејќи селекторот Благоја Милевски е суспендиран поради два жолти картона.
Натпреварот ќе се одржи на терен со вештачка трева.
– Без оглед на тоа дали теренот е природен или вештачки, нашите фудбалери се професионалци и се подготвени за сите услови. Казахстан има силна репрезентација, но ние целиме на победа, нагласи Стојановски.
Пред утрешниот дуел, Македонија има акумулирано пет бода од три натпревари и е без пораз во Ј-групата.
Казахстан, пак, има една победа и еден пораз во своите два одиграни натпревари.
Почетокот на натпреварот е закажан за 16 часот по македонско време.