Подготвена новата Ford Kuga

popup_650_Ford-1000-1[1]

Ford ги објави првите информации за новата Kuga, за која од компанијата коментираат дека ќе го направи животот на корисниците полесен, поудобен, посигурен, високотехнолошки и достапен.

popup_175_Ford-1000-2На Mobile World Congress во Барселона, Ford ја претстави обновената Kuga, која доаѓа со сериозни промени во дизајнот, а најконкретните поврзани со изгледот се на предниот дел, модифицираната трапезоидна предна маска и специфични фарови. Со нова визија е и задната врата на возилото, а од компанијата се предвидени неколку нови варијанти на 17, 18 и 19-инчни фелни, како и неколку нови бои на екстериерот. Внатрешноста на автомобилот исто така е сериозно преработена, а главната идеја е постигнување на поинтуитивна работа.

popup_795_Ford-1000-3Ford Kuga доаѓа и со голем број на промени и подобрувања во однос на системите за безбедност. Тука откриваме бројни хај-иновации, вклучувајки го инфо-комуникацискиот и мултимедијален систем SYNC 3, новиот паркинг асистент, подобрената верзија на Active City Stop за избегнување на удари при движење со мала брзина, приспособливите светла, интелигентниот систем за погон на четири тркала и други.

343_Ford-1000-4Новиот Ford Kuga ќе се нуди со нов 1.5 литарски TDCi мотор со 120 коњски сили и просечна потрошувачка од 4.4 литри на 100 километри, кој го заменува познатиот дволитарскиот TDCi. Дволитарскиот TDCi мотор со 150 коњски сили ќе се нуди во модификации со погон на две и четири тркала, а верзијата со 180 коњски сили ќе биде комбинирана само со интелигентниот 4х4 систем. Бензинските модификации се со 1.5 литри EcoBoost со 120, 150 и 182 коњски сили.

popup_803_Ford-1000-5 popup_534_Ford-1000-6

Автоплус

- Реклама -