На крајот на месецов на аикција ќе се најде реплика на Бетмобилот од 1989 година кој го возеше Мајкл Китон. Автомобилот со 3.2-литарски мотор е исправен и спремен за возење.
Фановите на Бетмен со малку подлабоки џебови за Божиќ оваа година ќе можат да се почастат со Бетмобил, кој сигурно нема да помине незабележан во возењето по улиците.
Автомобилот се очекува да се продаде нешто повеќе од 141 илјади долари, што е добра прилика, ако се земе во предвид дека оригиналот на бетмобилот на почетокот на годинава е продаден за над 4 милиони долари.
[youtube]http://youtu.be/B1yYhMMjoPo[/youtube]