Венчавката на реалити ѕвездата Ким Кардашијан и Кание Вест предизвика голема еуфорија ширум светот, но после само 46 дена брачен живот , светските медиуми пишуваат дека им е бракот во криза. Како разлог за тоа го наведуваат однесувањето на Ким кое што страшно го нервира нејзиниот сопруг.
Проблемите наводно започнале уште на медениот месец во Ирска, каде Кание посакал да оди на туристичко разгледување и посета на музeи, но тоа не ја интересирало Ким. Таа се лутела и на крајот го наговорила да одат во Мексико. Ако е за верување, Кание дури сега дека дека нејзина главна занимација е купувањето и лежењето покрај базен, па му пречи што Ким не ни сака да испроба нешто ново, туку е задоволна со својот површен начин на живот.
Од друга страна се појавија шпекулации дека тој ја третира како кукла и не и дозволува самата да си ја избора облеката, туку тој го прави тоа за неа, а се повеќе и го диктира и распоредот.
Дали проблемите во рајот, ќе продинесат да се завши овој брак толку рано, останува да видиме.