Подготовки за свадба- Ана го однесе Швајни на Мајорка

Германецот ја теши српската тенисерка по поразот на Вимболдон, во нејзината вила каде ги прават и последните подготовки за свадбата, која, како што дознаваат странските медиуми, ќе се одржи во август.

Ана Ивановиќ (27) неславно го заврши учествувањето на Вимболдон иако имаше голема поддршка од нејзиниот вереник Бастијан Швајнштајгер (30).

638235_ana-ivanovic-bastian-schweinsteiger04-foto-profimedia-rs_ff

Иако нивната веридба го засени почетокот на најголемиот турнир на трева, Ана не можеше долго да ужива во славата бидејќи испадна уште во вториот круг.

По краткиот престој во Србија, двојката замина за Мајорка. Ана таму има многу убав имот и вила, каде ја планираат својата венчавка.

– Швајни и Ана сакаат да се венчаат во септември, но тогаш им започнуваат спортските обврски. Затоа решија веселбата да ја организираат во август во Србија, но и во Германија. Швајнштајгер е познат по тоа што организира добри забави, па нивната свадба нема да биде вообичаена, туку тематска- вели извор.

 

До тогаш, двојката ужива на Мајорка, а најмногу време поминуваат на терасата со прекрасен поглед на обалата, со што Ана се пофали на Инстаграм.

- Реклама -