Поддршка и од сопругата на Пендаровски: На Стево можете да сметате – бескрајно чесен и човек од збор (ВИДЕО)

Претседателската кампања влезе во второто полувреме, па полека почнуваат да се мобилизираат сите кампањски „оружја“. Во кампањата на консензуалниот кандидат на владејачката коалиција – Стево Пендаровски, се вклучи и неговата сопруга, Елизабета Ѓоргиевска.

Таа Пендаровски го опишува како столб на семејството, човек од збор и човек што никогаш не се повлекува. Таа е уверена дека Пендаровски ист таков ќе биде и на чело на државата, што според неа, него го прави најдобриот избор за претседател.

„Таков е Стево, го знам 23 години и отсекогаш знам дека тој е човекот на кој можам да сметам. Бескрајно чесен, посветен, храбар, секогаш тука за другите, задржувајќи го сопствениот интегритет. Претседателот е само функција и нема да ја промени личноста – достоинствена и одговорна. За него, неуспеот не е опција. Столб на семејството, а таков ќе биде и за својот народ, за својата земја. Токму затоа, знам дека со него сите ќе одиме напред“, порачува Ѓоргиевска, стоматолог и професорка на Стоматолошкиот факултет во Скопје.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

https://www.facebook.com/SPendarovski/videos/2152038041512745/

- Реклама -