Виртуелната реалноста стигна прилично далеку, ама делува заглавена во виртуелниот универзум. Е па од Disney работат на нова технологија, што ќе овозможи физичкиот свет да се помеша со виртуелниот.
Видеото покажува како се одвиваат досегашните експерти. Прикажува партиципант што фаќа вистинска топка, а истовремено носи VR сет. За да фатиш објект во реалниот свет, потребна ти е рака-око координација – тоа е нешто што допрва треба да биде успешно преведно во светот на виртуелната реалност, но се чини Истражувачката лабораторија на Дизни (Disney Reseach Lab) е на добар пат да биде првата што ќе го направи тоа.
Тимот користел систем за следење на движење за да ја следат топката (затоа реалната топка има повеќе текстура од виртуелната). Системот ја следи топката, ама и локацијата на раката на фаќачот. Потоа топката и следните акции се прикажани на VR екранот на хедсетот на корисникот.
Видеото покажува три различни визуелизации. Првата се чини најнормална и најблиска до реалноста. Системот ја рендерира локацијата на топката во реално време. Наместо тоа, втората визуелизација ја покажува линијата на траекторијата на топката, според предвидувањата и калкулациите на системот. Третата ја покажува само предвидената област каде што фаќачот може да ја фати топката.
Метју Пан – истражувач од DRL, вели дека сите три рендерирања воделе кон успешни фаќања. Тимот пријавува 95% стапка на успешност со првата визуелизација. Патем, стилот на фаќање на топката на фаќачот се менува кај другите две визуелизации. Корисникот ги користи предвидувањата на системот за да ја подготви раката за топката малку порано.
„Најлогичното објаснување е дека без информација за локацијата на топката, фаќачот мора да се ослонува на идентификуваната таргет локација од страна на системот. Со тоа, една ваква задача, која подразбира повисоки мозочни функции, се сведува на визуелно водена задача на покажување“, објаснува Пан.
Дизни смета дека мешањето на физичкиот свет со виртуелниот ќе го подобри корисничкото искуство.
„Да фатиш и да почувствуваш реална топка во раката, ја прави виртуелната реалност многу побогата, многу поуверлива, повозбудлива, поинтерактивна, подинамична, и пореална“, вели Гунтер Нијмејер – истражувач од DRL.
Оваа технологија може да ги направи видео игрите уште пореалистични, да ја подобри интерактивноста на VR игрите, или дури и да создаде цел нов жанр. Лесно е за играчот да се изгуби во виртуелниот простор креиран во VR хедсетот. Оваа нова технологија може да донесе нови елементи во видео игрите и да го направи искуството многу пореалистично.
„Со виртуелна реалност, можеме да ви ја покажеме иднината преку пререндерирање на локацијата каде што ќе се најде топката“, вели Нијмејер. „За некои типови на интеракција, гејм-дизајнерите може да ги изберат предностите на виртуелната реалност за да олеснат одредени задачи. На пример, да фатите топка користејќи мрежа“.
На Disney не им е непозната VR технологијата, очигледно. Во септември 2015-та, го купија VR стартапот Jaunt. Jaunt разви уникатна камера што може да снима пофесионален видео материјал во 360-степени, а Disney сакаа да ја искористат за пореалистични искуства на ABC News. Оттогаш Disni ја користи Jaunt за да креира рендерирања од сите нивни тематски забавни паркови, особено кога слави големи јубилеи, како Дијамантската прослава на 60-годишнината од своето постоење.