Подароците на Обама

 

Една од најдобрите работи да си еден од највлијателните луѓе на светот се подароците кои што ги добиваш.Сервисот на  подароци е сигурно најзабавниот дел од работата на претседателот Обама . Тој сепак не ги чува за себе, туку ги чува во Националниот архив. Но замислете како би се чувствувале да добиете пет метра тепих со сопственото лице врз него, каков што Русија му подарила во 2009 година.

По повод 53-годишниот роденден ден на Барак Обама „Вашингтон пост” состави листа на сите 274 подароци, кои што ги добил претседателот  меѓу 2009 и 2012 г. од држави и лидери.  Тие се во вредност од 717 000 долари.

Првиот подарок кој Обама го добил на денот на неговата инаугурација, е од Мексико – книга и уметничко дело . Интересно е дека во листата со најлоши подароци доминира електрониката.

podaroci

Најубавиот подарок е 13-сантиметарски календар на Ацтеките од сребро, подарен од Мексико во 2012 година

Вториот најдобар подарок е традиционално оружје на Маори , подарено  од Нов Зеланд во 2011 година На трето место е маса за пинг-понг, подарена од Велика Британија во 2012 година.  Не помалку сакан е и подарокот повторно од Мексико во 2009 година – четири шишиња текила во сребрено ковчеже . Топ пет завршува со  часовник и керамичко куче од Чешка во 2009 година.

Еден од најлошите подароци е Blu-ray диск од Русија во 2009 година.  Јужна Кореја исто така не успева во изборот и во 2010 година му подарува на Барак Обама таблет и кабел за видео. Меѓу најлошите се MP3 плеер од Сингапур,  како  и видео играта “Witcher 2” од Полска. Русија му го честитала роденденот на Обама како Маријан Стојановски со пакување за CD и неколку CD-а од Русија.

Земјата, која потрошила најмногу за подароци за претседателот е Италија. Една петтина од вредноста е на сите подароци е од Италија, што е прилично импресивено, имајќи предвид дека италијанските подароци се рангирани меѓу најлошите.

- Реклама -