Почина Јованка Броз

После тешка болест, во 89-та година, почина Јованка Броз, сопруга нa некогашниот пртседател на СФРЈ Јосип Броз Тито.

До пред извесно време никој не знаеше за нејзината состојба, се додека кон крајот на август не беше објавено дека Броз боледува од рак. Тогаш таа беше примена во ургентен центар во многу лоша состојба, но беше реанимирана и продолжи да се бори за нејзиниот живот.

Иако имаше надежи дека нејзината здравствена состојба ќе се подобри, таа кон крајот на септември падна во кома. Се разбуди неколку дена подоцна, но не беше во состојба да зборува.

jovanka-broz-svjedocila-sam-hrvatskoj-radi-mira-kuci-slika-7604

Јованка Будисавњевиќ Броз, родена на 7 декември 1924 година, беше вдовицата на југословенскиот претседател Јосип Броз Тито, со кој беше во брак од 1952 година до неговата смрт, во 1980 година.

По смртта на Тито, таа живеела во релативна сиромаштија во Белград. Непосредно пред својата смрт таа ја истакнала својата желба да биде закопана покрај својот поранешен сопруг, а подоцна беше и соопштено дека Владата на Србија ќе ја исполни оваа нејзина желба.

- Реклама -