Стјуард Фриборн, професионалниот шминкер кој го креирал изгледот на суштествата од култниот научно-фатнастичен филм „Војна на ѕвездите“, починал во 98-та година.
Режисерот на легендарната франшиза изјавил дека Фриборн бил гение во својот занает чие дело ќе живее засекогаш, а корпорацијата „Лукасфилм“, соопштила дека познатиот уметник зад себе оставил непроценливо богатство.
За „Војна на ѕвездите“, Фриборн помагал при создавањето на ликот на учителот Јода, малото зелено суштество чии црти на лицето биле инспирирани од изгледот на Алберт Ајнштајн, како и при креирањето на ликовите на Чубака, Џаба и многу други.
Во текот на 60-годишната кариера, Фриборн ги креирал и ликовите на мајмуните во незаборавните дела на режисерот Стенли Кјубрик, „2001: Вселенска одисеја“, работел на четири „Супермени“, „Оливер твист“ итн…
[youtube]http://youtu.be/fLrpBLDWyCI[/youtube]