Почина легендарниот клавијатурист на The Doors

Реј Манзарек, одговорен за клавирските делници во мегапопуларните песни на легендарните The Doors, почина на 74 години. Реј почина во болница во Германија, во круг на семејството, после долги години борба со карциномот.

Тој е еден од основачите на The Doors, a заедно со Џим Морисон, харизматичната фигура на бендот, се запознале на факултет. Морисон му пришол, за музички да ги заживее своите стихови, па така, настанала една од највлијателните групи од седумдесетите.

Тие се запознале во 1965 година, а веќе две години подоцна The Doors имале 15 хитови на Билборд 100.

The Doors продале повеќе од 100.000 милиони албуми ширум светот, а најзапаметени ќе останат хитовите ‘Riders on the Storm’, ‘Light My Fire’ i ‘Break On Through to the Other Side’.

 

 

- Реклама -