Почна зимата на северната Земјина хемисфера

Утрово во 4 часот и 27 минути на северната хемисфера на Земјата, а со тоа и во земјава почна зимата. Во истовреме на јужната Земјина полутопка почнува летото.

Првиот ден од зимата е познат и како зимска краткоденица, бидејќи денот е најкраток, а ноќта најдолга. Од денеска ноќите постепено ќе стануваат пократки, а денот – од изгрејсонце до зајдисонце – подолг.

На првиот зимски ден сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 59 минути, а ќе зајде во 16 часот и 6 минути. Денот трае 9 часа и 7 минути.

Петок, 22 декември, е 358. ден во 2023 година. До крајот на годината остануваат уште девет дена.

Зимата ќе трае 88 дена, 23 часа и 39 минути – до 20 март 2024 година, кога на северната хемисфера ќе настапи пролетта, а на јужната есента.

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

Извор

- Реклама -