Група Британци први во светот пробаа нова контрацептивна пилула за мажи.
За разлика од апчињата за жени, машката пилула YCT-529 не содржи хормони и го спречува производството на сперма, блокирајќи го пристапот до витамин А.
Во моментов се тестира на 16 мажи од Велика Британија.
Ако испитувањата се покажат успешни, новата контрацепција најверојатно ќе стане достапна за широка употреба за сите мажи.
Претходно развиените пилули исто така целеа кон тоа да го спречат производството на сперма, но не се покажаа ефикасни и предизвикуваа здравствени компликации.
Истражувањата во последните 100 години покажаа дека ако глувците, стаорците и мајмуните не добиваат доволно витамин А, тоа може да предизвика неплодност. Тоа сознание го инспирираше развојот на таблета без хормони.
Најновата пилула е направена од американската компанија „YourChoice Therapeutics“, и се тврди дека е 99 проценти ефикасна и 100 проценти реверзибилна, без никакви несакани ефекти. Според компанијата, пилулата има поголем контрацептивен ефект од кондомите.
Заслугата за пилулата што се испитува во Британија е на Гунда Георг, професорка на Фармацевтскиот факултет на Универзитетот во Минесота. Георг вели дека претклиничкитете податоци покажале дека овие апчиња биле 99 проценти ефикасни во спречувањето на бременоста кај глувците и намалувањето на спермата кај мајмуните по само две недели употреба.
Компанијата верува дека овие таблети ќе бидат прифатливи за мажите, пренесува Sky News.