Почна производството на новото BMW X5

Првиот автомобил од новата генерација на BMW X5 слезе од производствените ленти во Спартанбург (Јужна Каролина, САД), објавија официјално од централата на Баварците.

Моделот е X5 M50d е во бела боја – Mineral White, и има кожен ентгериер Exclusive Nappa Mocha. Интересно е дека токму овој автомобил бил порачан од дилер на баварците во Источна Европа. Под неговата хауба е 3.0-литарски 6-цилиндерски мотор со 3 турбини. Моќноста на моторот е 371 КЅ, а максималниот вртежен момент достигнува 740 Nm. Оваа верзија на X5 забрзува до стотка за 5,3 секунди, а максималната брзина е ограничена електронски на 250 km/h. Просечната потрошувачка на гориво кај BMW X5 M50d е 6,7 l/100 km, а нивото на штетни гасови СО2 не надминува 177 g/km. Кросоверот се нуди и со уште два мотори – 3.0-литарски дизел со моќност од 258 КЅ и бензински 4.4, кој развива 450 КЅ.

793_BMW-X5-470-1

Пред тоа од лентите слезе последниот X5 од претходната генерација. Тој е во верзија со боја Titanium Silver Metallic и V8 мотор. Возилото ќе се најде во колекцијата на BMW на историски автомобили. Втората генерација на X5 започна производство во 2006 година, а од неа се продадени 728.107 примероци. Вкупно од моделот, кој се појави во 1999 година, се пласирани 1,3 милиони единици.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -