Вечерва на плоштадот „Македонија“ за првпат светна овогодишната новогодишна елка, симболично означувајќи го почетокот на новогодишните празнувања. Поради пандемијата на коронавирусот, оваа година осветлувањето на новогодишната елка во центарот на градот беше симболично, со нешто помала новогодишна еуфорија, што не може да се каже и за дечињата.
На настанот присуствуваше и градоначалникот на Скопје – Петре Шилегов.
„Традиционално, Град Скопје ја осветли новогодишната елка, во вонредни околности, во време какво што живееме, без посебен настан. Драго ми е дека имаме многу присутни наши сограѓани и дечиња, што ја оправдува одлуката на градот да влеземе во една новогодишна атмосфера, онолку колку што можеме имајќи ја предвид пандемијата. Јас сум среќен што плоштадот и оваа година ќе означува нови почетоци и желби за еден понормален и поздрав живот, каков што имавме пред да нѐ зафати светската пандемија“, порача Шилегов, истовремено апелирајќи до граѓаните да ги почитуваат мерките.
Видео од моментот на осветлување на елката, ТУКА.
ФОТО: Град Скопје