Починал на место: 62-годишен маж пронајден без живот во автомобил во Маџари

Информација од СВР Скопје

Денеска, во 09:03 часот, е пријавено дека на улицата „Перо Наков“ во Скопје, во патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, е пронајден починат 62-годишен маж од Скопје. Според првичните информации, починал додека управувал со возилото. Лекар ја констатирал смртта, а по наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција. Надлежните институции продолжуваат со истражување за утврдување на сите околности поврзани со овој инцидент.

Прочитајте и:  Починала легендата на Црвена звезда, Владимир Цветковиќ