Почина ѕвездата на „Вила Марија“ и „Забранета љубов“

Маја Петрин, позната како ѕвездата од Вила Марија и Забранета љубов, ненадејно починала вчера, јавуваат дел од хрватските медиуми.
Маја Петрин е родена на 3 јули 1972 во Загреб. Дипломирала на Школата за ритмика и танц во 1988 година.

Позната е по  улогите во филмот „Ѕвездена прашина“, како и во сериите „Семејна работа“, „Средби од незгоден вид“, „Наша куќа, наша слобода“, „Вила Марија“, „Забранета љубов“, „Гордоста на Раткаеви“, „Закон на љубовта“ и др.

Кон средината на октомври 2009 година претрпела срцев удар после кој и ја вграден стент, а од тогаш се посветила на здравиот живот. Зад себе ја оставила 17-годишната ќерка Петра.

- Реклама -