Почина велосипедист во несреќа во Гостивар

СВР Тетово информира дека денес (12 октомври) околу 17.00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека во населба Малеарди во Гостивар, товарно возило ,,Ман” со гостиварски регистерски таблици управувано од 35 годишниот И.И. од Гостивар, удрило во велосипед управувано од 71 годишниот гостиварец С.И. кој се здобил со тешки телесни повреди и веднаш потоа им подлегнал на повредите и починал на лице место.

Екипа од Итна медицинска помош констатирале смрт, а увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар во содејство со Јавен обвинител.

Извор