Почина Станислав Лем

 Станислав Лем (р.12 Септември, 1921) во Лвив, тогашна Полска, почина во понеделник, 27 Март, 2006 година, во болница во Краков, на 84 годишна возраст. Причина за смртта беа проблеми со срцето.

 

 
 
Станислав Лем, автор на многу научно-фантастични книги од кои најпозната е секако "Соларис" по која што е снимен култниот филм на Андреј Тарковски.

Неговите книги
се преведени на 41 јазик и продадени во преку 27 милиони копии. Во еден
момент од својата кариера е најчитаниот автор на не-англиска
научно-фантастична литература во светот.

Лем не сакал да се
користи терминот научна-фантастика кога се зборувало за неговите дела.
"Јас секогаш верував во науката, но пишувам за вистинскиот свет" –
имаше изјавено. "Затоа пишувам за тоа што се случува, на мој начин, со
мои зборови."

- Реклама -