Почина прекрасниот ум – Стивен Хокинг

Познатиот светски научник, ако не и најголемиот, починал утрово на свои 76 години, мирно, во својот дом во Кембриџ, соопшти неговото семејство.

Во изјавата на неговите деца Луси, Роберт и Тим, велат вака:

„Длабоко сме натажени што нашиот татко денес почина. Тој беше голем научник и извонреден човек чие дело и наследство ќе продолжи да живее уште долги години. Неговата храброст и упорност во комбинација со неговата брилијантност и хумор инспирираа луѓе низ целиот свет. Тој еднаш рече: ‘Ова и не би бил баш некој универзум ако не беше дом на луѓето што ги сакаш’.

Ќе ни недостасува засекогаш“.

 

Освен најпознатиот физичар и космолог на светот, Стивен Хокинг беше и тема на филмот од 2014-та „The Theory Of Everything“.

Хокинг доби невромоторна болест во 1963 година. Тогаш му проценија уште 2 години живот. Но ете, Хокинг продолжи да студира на Кембриџ и стана еден од најбрилијантните теоретски физичари од Алберт Ајнштајн наваму.

Неговото прво големо откритие дојде во 1970 година, кога тој и Роџер Пенроуз ја применија математиката на црните дупки врз целиот универзум, и покажаа дека нашето далечно минато оди сé до моментот на „сингуларити“ – регион од бесконечни заоблувања во времепросторот, точката од која настана Биг Бенгот.

Хокинг исто така зборуваше и за смртта – таа неизбежна точка што докторите му ја закажаа многу порано.

„Живеам со можноста за рана смрт последниве 49 години. Не се плашам од смртта, ама не ми се брза да умрам. Имам толку многу да направам претходно“, рече Хокинг.

Последни поздрави стигнуваат од сите страни:

 

- Реклама -