Соул пејачот Перси Слеџ почина на 73-годишна возраст во својот дом во Батон Руж, Луизијана, соопштија светските агенции.
Пејачот, прочуен се баладата When a Man Loves a Woman од 1966 година, повеќе од една година се бореше со рак на црниот дроб.
Тој е роден во Лејтон, Алабама, а меѓу најуспешните песни во неговата кариера се исто Warm and Tender Love и It Tears Me Up.
Слеџ доби награда за животно дело од фондацијата “Ритам и блуз” .