Почина најстариот човек во светот

Јапонецот Џироимон Кимура, кој влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстарата личност на светот и најстариот маж кога и да било, почина денеска на 116-годишна возраст.

Кимура е роден на 19 април 1897 година во Јапонија. Спорд Гинис, тој беше првиот маж на светот во историјата кој доживеал 116 години.

Кимура починал од природна смрт, а оставил зад себе седум деца, 14 внуци, 25 правнуци и 13 пра-правнуци.

art-oldestman-620x349

„Можеби живеам волку долго поради сонцето. Секогаш гледам нагоре, во небото. Едноставно таков човек сум“, изјавил Кимура во текот на едно интервју за неговиот 115-ти роденеден

Тој ја доби титулата „најстар човек на светот“ на 28-ми декември 2012 година, кога имал 115 години и 253 дена, надминувајќи го рекордот кој го постави Кристијан Мортесен, дански емигрант во САД кој живеел од 1882 до 1998 година.

Титулата најстара личност на светот сега и припадна на Мисао Окава (115) од Осака. Инаку, апсолутна рекордерка е Жан Калмен од Франција, која починала во 1997 година во 123-та година од животот.

- Реклама -