Почина музичката легенда Оливер Драгојевиќ

Музичката легенда Оливер Драгојевиќ почина во Сплит во 71 година од животот. Тажната вест за смртта на музичката легенда ја соопшти неговото семејство.

Драгојевиќ зад себе остави бројни музички записи и имаше милиони обожаватели на просторите на поранешна Југославија.

Тој почина една година откако му беше дијагностициран рак на белите дробови.

Веста ја објави „Слободна Далмација“, откако им била потврдена од семејството на Оливер.

Роден во Вела Лука на островот Корчула, Драгојевиќ растел како уличен музичар за туристите, по што завршил музичко училиште во Сплит. Првпат настапил во 1961 година, на Сплитскиот детски фестивал, по што го формира бендот Батали. Во 1970-ите настапувал низ цела Европа, а од средината на оваа декада датираат и неговите први хитови и соработката со композиторот Зденко Руњиќ, кој е автор на песните каок „Романца“ и „Опрости ми папе“.

Во текот на својата карирера Оливер Драгојевиќ објави преку 30 албуми, а настапувал и во Карнеги Хол, Ројал Алберт Хол и сиднејската Опера.

- Реклама -