Почина Морис Вајт – основачот на “Earth, Wind & Fire”

mv

Уште еден познат музичар почина на почетокот од годинава. Основачот на групата “Earth, Wind & Fire” Морис Вајт почина на 74 годишна возраст во својот дом во Лос Анџелес.
Соопштението беше објавено на Facebook од страна на неговиот брат и партнер во групата Вердин Вајт. Морис со години страдаше од Паркинсоновата болест.

Вајт ја основа “Earth, Wind & Fire” кон крајот на 60-тите години.

“Earth, Wind & Fire” има освоено шест  “Греми”  награди и 90 милиони продадени албуми ширум светот.

- Реклама -