Почина Малком Јанг од AC/DC

Неодамна почина Џорџ Јанг, познат како менторот на AC/DC, а денес обожавателите на бендот ги дочека веста дека животот го загубил и Малком Јанг, основач на групата.

Официјалното соопштение беше објавено на Фејсбук-страницата на AC/DC.

„Малком, заедно со Ангус, беше основач на овој бенд. Со огромна посветеност, тој ни беше движечка сила. Беше перфекционист како музичар. Беше гордна она што е“, е дел од соопштението за неговата смрт.

Тој во 2014 се повлече од бендот поради здравствени проблеми, а на сцената го замени негов роднина.

- Реклама -