На 88-годишна возраст, замина Михаил Ренџов, еден од најзначајните македонски поети и преведувачи, оставајќи зад себе огромно книжевно наследство. Роден на 25 август 1936 година во Штип, Ренџов својот живот го посвети на поезијата, правото и библиотекарството. Завршувајќи Правен факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, подоцна се вработи во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ како советник по библиотекарство. Прв уредник на „Блесок Поезија“, Ренџов беше член на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија.