Мајкл Џексон, еден од најпродаваните и најконтроверзните музички икони на сите времиња, почина вчера на 50 години.
Мајкл Џексон, еден од најпродаваните и најконтроверзните музички икони на сите времиња, почина вчера на 50 години.
Синоќа пред полноќ електронските таблоиди беа преплавени со неофицијални вести во врска со здравствената состојба на Мајкл Џексон.
Околу 12:30 часот тој добил срцев напад, а откако итната помош пристигнала во неговиот дом тој веднаш бил хоспитализиран во медицинскиот центар во Лос Ангелес, кој бил на само 6 минути од домот на Мајкл. Неколку минути подоцна, додека CNN соопштуваше дека Мајкл е во кома, кружеа неофицијални изјави дека кралот е мртов, кои за жал не многу подоцна ги потврди и медицинската екипа, која и покрај неколку часовните напори за реанимација не успеала повторно да го врати пулсот на Мајки. Во 15 часот по локално време тој официјално е прогласен за мртов.
Кралот на поп музиката не ја дочека својата последна турнеја, која требаше да започне на 13 Јули и да трае до 6 Март 2010 година, и која требаше да биде неговата последна. Неодамна на прес-конференцијата во Лондон тој го најави своето враќање на сцената, а на неговите обожаватели им вети 10 последни концерти со кои требаше да ја спушти завесата и да го означи крајот на својата кариера.
Но, најверојатно неговата кариера ќе продолжи и по неговата смрт. На истата прес-конференција во Лондон тој откри дека има снимено песни кои ќе бидат издадени после неговата смрт. Единствените кои го имале слушнато новиот материјал биле неговите деца Принц, Парис и Принц Мајкл.