Утрово во Скопје почина познатиот, диџеј Бабура.
Неговата смрт настана како резултат на кратко боледување на 44 годишна возраст.
Диџеј Бабура настапуваше со речиси сите познати диџеи кои што гостуваа во земјава во текот на неговата клубска кариера.
Но и радиосцената му беше удобна зона. Бабура започна да пушта музика во 90-те на Мега ФМ, а потоа продолжи во „Антена5“ и „Сити радио“.