Почина Дејан Костуранов (38 г.), поранешен македонски голман


Дејан Костуранов, поранешен голман на македонските екипи Вардар, Силекс, Скопје, Македонија ЃП, Охрид и Еуромилк, почина на само 38 години, објавија српските медиуми.

Костуранов по завршување на професионалната кариера работеше во Србија како тренер на голмани.

Негов последен ангажман беше во стручниот штаб на Фудбалскиот сојуз на Војводина. 

Пред само два дена со аматерската српска репрезентација победи на турнир во Стара Пазова. 

- Реклама -