Почина Чак Мозли од „Faith No More“

Поранешниот вокал на бендот „Faith No More“, Чак Мозли, почина на 57-годишна возраст. За јавноста, веста ја потврди семејството.

Мозли долго време се борел со зависност, но ја изгуби животната битка поради нарушување на здравјето како последица на долгото консумирање алкохол и дрога.

Веста за неговата смрт во јавноста ја соопшти семејството на Чак Мозли, велејќи дека неговиот живот ќе биде инспирација за будење и борба против зависностите. Исто така, семејството прифаќа и донации за погребните трошоци.

Мозли пееше во „Faith No More“ во периодот меѓу 1984 и 1988 година.

- Реклама -