Почина Ален Делон, легендата на францускиот филм

Ален Делон беше ѕвезда на златната ера на француската кинематографија во 1960-ите години, филмска икона на 20. век, познат по улогите во „Борсалино“, „Самурај“, „Леопард“, „Љубовница на играта“ и „Роко и неговите браќа“

На 88-годишна возраст почина Ален Делон, легендата на францускиот филм.

Францускиот актер Ален Делон почина на 88-годишна возраст / Фото: EPA-EFE/Guillaume Horcajuelo

Агенцијата франс прес (АФП), според објавата на семејството на актерот, пренесе дека Делон починал во својот дом во Души, околу 150 километри јужно од Париз.

„Почина мирно во својот дом, опкружен со своите три деца и семејството. Ален Фабиен, Анушка, Ентони и неговото куче Лубо со длабока така објавуваат дека нивниот татко починал“,

соопшти семејството на францускиот актер.

АФП потсетува дека актерот беше во лоша здравствена состојба во последните години и дека од 1990-ите години неговите филмски појавувања станаа сè поретки.

Ален Делон беше ѕвезда на златната ера на француската кинематографија во 1960-ите години, филмска икона на 20. век, познат по улогите во „Борсалино“, „Самурај“, „Леопард“, „Љубовница на играта“ и „Роко и неговите браќа“.

Севкупно, Делон се појави во повеќе од 90 филмови во текот на својата кариера.

- Реклама -