Да имаш побелена коса не е крај на светот, но интересно е тоа што денешното потрошувачко општество создава култ пред почитувањето на вечната младост и убавина.
Козметичката индустрија создаде тренд на побелена коса.
Секој еден таков масовен тренд си го пронаоѓа својот контрапункт , кој сака да покаже (докаже) дека работите може да изгледаат поинаку, доколку мислиме различно.
Токму таква е најновата модна манија која поттикнува млади дами да ја бојадисуваат косата во сива боја со идејата да покажат дека во староста нема ништо лошо.
Дефинитивно оваа боја им прилега сега, но дали ќе размислуваат така, кога навистина ќе наполнат 60 години?