Оваа година ФИФА ќе му исплати на победникот на Светското првенство дури 35 милиони долари. Сумата е за 16,7% поголема во споредба со 2010 година и со 74.2% во споредба со 2006 година. Во исто време износот што ќе го добие второпласираниот тим, се зголемува само со 1 милион долари, односно изнесува 25 милиони долари.
Интересно е исто така дека финансиската награда само за излегувањето од групите е релативно мала. Тимовите кои испаѓаат уште во групната фаза, добиваат по 8 милиони долари, додека пласманот во осминафиналето додава кон финансиската награда едвај 1 милион долари.
Тимовите кои се квалификуваат за четвртфиналето, ќе бидат наградени со по 14 милиони долари, колку и во 2010 година. Четвртиот најдобар тим на првенството ќе добие од ФИФА 20 милиони долари, додека успешниот од малото финале ќе грабне 22 милиони долари.